16 Декември, 2025
0.0616

„Види музика – слушни слика – добиј книга“ по седми пат

Објавено во: Мои пари 23 Јуни, 2014 14:17

Добивај вести на Viber

Македонската филхармонија и Младинскиот кулутрен центар, вечерва во 21 часот, во Градскиот парк во Скопје, ќе го реализираат седмиот по ред мултимедијален спектакл ВИДИ МУЗИКА – СЛУШНИ СЛИКА – ДОБИЈ КНИГА. На настанот, традиционално ќе присуствува и градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Како и секоја година, мултимедијалниот настан ќе содржи концерт на оркестарот на Македонската Филхармонија под диригентска палка на Мартин Пантелеев од Република Бугарија, а ќе бидат подарени 20.000 примероци од литературното дело Vita Brevis (писмо на Флорија Емилија до Аврелиј Августин) од норвешкиот писател Јостен Гордер. Тој е автор на „Светот на Софија“, роман за историјата на филозофијата, печатен во 30 милиони примероци, но и на популарните дела од неговото перо како што се: „Божиќна мистерија“, „Ќерката на директорот на циркусот“, „Девојката со портокали“, „Замок во Пиринеите“ и многу други. И годинава на огромни платна со димензии 12 х 3 метри, публиката ќе има можност да го проследи ликовниот меч на кој силите ќе ги одмерат етаблирани академски ликовни уметници. Со десетици литри боја, огромни четки, на огромните ликовни платна, еден спроти друг, ќе се најдат ликовните уметници Менсур Бојда и Владимир Симеонов.      

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив