Викендов истокот под опасада на балкански ѕвезди-Цеца со донација за поплавените подрачја
Објавено во: Македонија 26 Август, 2016
Балканската турбо фолк пејачка позната како Цеца во недела ќе има концерт во Македонска Каменица. Токму дел од приходите кои ќе ги земе од концертот таа ќе ги проследи на настраданото население во поплавите кои го зафатија скопскиот регион во почетокот на август.
Оваа информација пејачката ја сподели со своите фанови на социјалната мрежа Инстаграм.
Почнувајќи од денеска истокот ќе „биде под опсада“ на српски пејачи. Северина во Берово, Мирислав Илиќ и Цеца во Македонска Каменица која во недела го празнува празникот на градот „Голема Богородица“.
Токму овие настапи пред неколку недели крена прашина во јавноста и истите наидоа на бројни критики бидејќи во тоа време земјава се соочуваше со елементарните непогоди од поплавите. Сепак потегот на балканските ѕвезди кои дел од средствата ќе ги донираат за поплавените семејства е за поздравување и можност овој пример да биде следен од македонските естрадни ѕвезди.