Викендов ќе се прска против комарци во неколку градови
Објавено во: Македонија 09 Јули, 2015
Викенов во Охрид, Дојран, Ресен, Чешиново-Облешево ќе се изврши вио третирање со широкопојасен инсектицид за третирање на комарци (аеросолна адултицидна дезинсекција) .
Престојното прскање на комарци ќе биде извршено во:
Општина Охрид за вкупна површина од 1500 ха – едно прскање на 11.07.2015 година
Општина Дорјан за вкупна површина од 1000 ха – едно прскање на 11.07.2015 година
Општина Ресен за вкупна површина од 1000 ха – едно прскање на 12.07.2015 година
Општина Чешиново-Облешево за вкупна површина од 900 ха – едно прскање на 12.07.2015 година.
Со дезинсекцијата ќе биде третирана вкупна површина од 4.400 хектари, со високо квалитетен инсектицид кој се употребува во овој период од годината.