Вилма Рускоска: Ова не е моја суспензија, туку на правото и правдата
Објавено во: Македонија 19 Август, 2022
Вилма Рускоска, главната обвинителка за организиран криминал и корупција, денеска поднесе жалба до Советот на јавни обвинители за решението за дисциплинска постапка и суспензија и пред медиумите рече дека кога така се постапува со неа, тогаш тоа значи блокада за работата на другите нејзини колеги.
Пред новинарите рече дека ќе биде внимателна во давањето изјави за да не биде тужена за клевета и дека дека е суспендирана само поради кривичната пријава која против неа ја поднел Арафат Муареми, директорот на Управата за финансиска полиција.
- Ова не го сметам за суспензија на Вилма Русковска, туку за суспензија на право и правдата. Моите предмети нема да продолжат со несмален интензитет, како што рекоа. Не верувам дека некој сега ќе постапува по истите, изјави Рускоска.
Според обвинителката, не е точно тоа дека не смеела да нареди претрес во Управата за финансиска полиција само поради тоа што пријавата била анонимна.
- Обвинители не кажуваат дали претресот е законит или незаконит, туку за тоа одлучува судит. Дали е анонимна пријавата, таа сепак е за кривично дело и по истата мора да се постапува, така е според закон, неведе таа.
Од претресот во финансиска полиција, не се дошло до потребните докази. Рускоска вели дека Муарем и испратил само 30 барани предмети кои воопшто не му биле потребни на Обвинителството за организиран криминал и корупција.
- Не дојдовме до докази при претресот, затоа што треба да ни достават помеѓу 250 и 300 предмети, а ни беа доставени 30-тина од кои повеќето не ни беа потребни. Ниту еден предмет не ни е доставен од тие што ги баравме, рече Рускоска и додаде дека планирала да напише барање за казнување на финансиска полиција како институција, истакна обвинителката.
Одговарајќи на уште едно новинарско прашање, рече дека не очекувала од меѓународната заедница да добие јавен одговор за побараната помош.
- Јас не мислев дека јавно ќе се вмешаат, тоаа го направив повеќе заради јавноста во државата да докажам дека немам што да кријам и дека сите постапки што се превземени се во рамките на Законот, искоментира Рускоска.