Винарницата „Тиквеш“ и Игор Илиевски прогласени за „Најкомпанија и најменаџер на годината“ во регионот
Објавено во: Мои пари 08 Јули, 2016 12:00
Винарската визба „Тиквеш“, втора година по ред, е добитник на европската награда „Најкомпанија на годината“, која по 34-ти пат ја доделува регионалната канцеларија за Југоисточна и Средна Европа на Европското здружение на менаџери и списанието „Еуроменаџер“. Истовремено, генералниот директор на ВВ „Тиквеш“ – Игор Илиевски е прогласен за „Најменаџер на годината“.
„Оваа награда е признание за извонредните резултати кои Вие и Вашата компанија ги постигнувате во континуитет. Таа потврдува дека ја заслужувате број еден позицијата во браншата“, стои меѓу другото во писмото со честитки од жири комисијата на Европското здружение на менаџери, упатено до „Тиквеш“ и нејзиниот генерален директор.
„Ова е големо призние за нашите досегашни конкретни остварувања во сите сегменти од работењето, но истовремено претставува и нова обврска да создаваме уште повеќе. Наградата е резултат на вложената енергија, знаење и работа на целиот тим на „Тиквеш“ во остварувањето на нашата мисија – во глобални рамки да бидеме препознанени како вистински претставник и предводник на винската индустрија од целиот регион“, изјави генералниот директор на ВВ „Тиквеш“, Игор Илиевски во своето обраќање на церемонијата за доделување на наградата која се одржа во Сараево, Босна и Херцеговина.
За годинешната награда „Најменанаџер и најкомпанија на годината“ беа номинирани над 2000 менаџери и компании од целиот регион, врз основа на предлозите кои до жири комисијата ги доставуваат досегашните добитници на наградата, стопанските здруженија и комори, како и истакнати поединци од академската и бизнис заедницата од Југоисточна и Средна Европа. Според многумина, оваа награда се вбројува меѓу 5-те најреспектибилни награди од овој вид во светот.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив






