19 Декември, 2025
0.0488

Вината на ВВ „Тиквеш“ во комбинација со македонски специјалитети – вистински хит во Загреб

Објавено во: Мои пари 24 Април, 2014 10:46

Добивај вести на Viber

Винарската визба (ВВ) „Тиквеш“ настапи на Хрватскиот фестивал на храната и виното што се одржа во загрепската „Арена“. Меѓу 300-те излагачи од Австрија, Италија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Србија, Црна гора, винарницата беше единствен претставник на винската индустрија од Македонија. Во рамките на Фестивалот се одржаа 13 вински и 40-тина кулинарски работилници, на кои вински експерти и енолози на љубителите на виното и на добрата храна им ги доближија тајните на енолошко - гастрономското уживање. Меѓу најпосетените презентации беше токму онаа на која претставниците на ВВ „Тиквеш“ на атрактивен начин ја презентираа Македонија како ено-гастро дестинација преку претставување на квалитетните вина од портфолиото на винарницата и секако, македонската храна. Менаџерот за вински туризам Александар Ристовски и Орданчо Унев – Зизи, главен готвач во ресторанот Македонска куќа, кој се наоѓа во винарницата, со извонредно кулинарско-винско шоу го претставија хедонистичкиот спој на македонската храна и виното со сите свои специфики.
Зајакнувањето на позициите на ВВ „Тиквеш“ на регионалните пазари е еден од стожерите на извозната стратегија на винарницата. Оттука, промоцијата на нашите вина и нивните карактеристики на саеми и фестивали каков што е хрватскиот Фестивал на храната и виното,  се особено драгоцени и важни, како за нас, така и за македонското вино. Дотолку повеќе што и годинава се потврди одличното прифаќање и позитивната перцепција кои ги имаат хрватските граѓани за вкусовите од Македонија, вклучително и за вината на ВВ „Тиквеш“, потенцираше Елена Младеновска Јеленковиќ, маркетинг менаџер во ВВ „Тиквеш“.
Во 3-те дена на Фестивалот, штандот на ВВ „Тиквеш“ беше еден од најпосетуваните, а меѓу другите штандот го посетија и хрватскиот министер за земјоделство Тихомир Јаковина, градоначалникот на Загреб Милан Бандиќ, познати личности од хрватскиот јавен живот, претставници на хрватската бизнис заедница и други.

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство