19 Декември, 2025
0.0517

Вип со еко-мотивација го одбележува Денот на планетата Земја

Објавено во: Мои пари 22 Април, 2014 12:09

Добивај вести на Viber

Одбележувајќи го Денот на планетата Земја – 22 април и демонстрирајќи ја својата определба за промоција на општествено одговорни практики, Вип оператор започнува активност за сите постпејд корисници да ги заменат хартиените сметки со електронски и на тој начин да придонесат за унапредување на животната средина. Постпејд корисниците кои користат електронска сметка и оние кои од денеска ќе ги заменат хартиените сметки и ќе преминат на електронска сметка, добиваат можност да станат потенцијални добитници на некоја од 100-те награди, меѓу кои Samsung Galaxy S4, велосипед, надворешен хард диск и десетици УСБ стикови, ранци и чадори. Она што треба да го направат постпејд корисниците е да го искажат својот интерес и согласност за премин од хартиена кон електронска сметка преку некој од расположливите канали како продажните места на Вип, преку SMS порака на бројот 140410 или со пополнување на формулар поставен на интернет страницата на Вип www.vip.mk со што без никакви дополнителни трошоци влегуваат во извлекувањето на наградите. Подеднаква шанса за награда имаат и корисниците кои веќе преминале на електронска сметка, со тоа што тие директно влегуваат во извлекувањето на наградите. „Целта на оваа акција е сосема јасна – да ги мотивираме нашите корисници заеднички да придонесеме кон заштеда на природните ресурси, а преку тоа да влијаеме на заштитата на животната средина, од што полза ќе има целата заедница“, истакна Димитар Димитров, раководител на Одделот за билинг и наплата во Вип. Во исто време, Вип нуди уште една поволност за корисниците кои ќе преминат од хартиена кон електронска сметка. Имено, постпејд корисниците на тарифните модели Vip Free+ кои ќе ја заменат хартиената со електронска сметка имаат можност да добијат еднократен бонус од 200 денари кој ќе им биде евидентиран во наредната сметка. Акцијата ќе трае една година, а во текот на овој период ќе бидат организирани четири извлекувања на најсреќните Вип еколошки свесни корисници. За производство на 1 тон бела хартија потребни се најмалку два тона дрво, повеќе од 80 илјади литри вода и енергија со која би се покриле месечните потреби на десетици семејства. Овие факти јасно говорат дека преминувањето кон електронски сметки ќе овозможи значителна заштеда на хартија со што корисниците на Вип ќе го дадат својот придонес кон заштита на виталните природни ресурси.

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство