19 Декември, 2025
0.0797

Витаминка на ISM 2022 во Дубаи најголемиот саем за кондиторски производи

Објавено во: Мои пари 09 Ноември, 2022 15:05

Добивај вести на Viber

Целата слатка програма како и закуските на Витаминка се изложени на саемот ИСМ – СИ 2022, што од 8 до 10 ноември се одржува во Дубаи. ИСМ е најголемото саемско случување за кондиторски производи во Средниот Исток и претставува значајна бизнис и комуникациска платформа во прехранбената индустријата.

„Настапите на саеми, посебно овие што важат за центар на случувањата  во индустријата се од големо значење за изложувачите бидејќи на овој начин се обезбедува пат до светските пазари. За нас, уште еднаш се потврди фактот дека преку континуирани вложувања во асортиманот и квалитетот на производите, креираме конкурентна понуда за задоволување на сé пософистицираните барања од страна на потрошувачите, а тоа првично се мери на овие манифестации. Патот до странските пазари започнува од саемското претставување и можностите за потенцијални соработки на глобално ниво“, истакна Љупчо Велески, директор на Извоз во Витаминка.


Оваа година ISM ME стави посебен акцент на чоколадата, кондиторските производи, десерти, грицки, обезбедувајќи значителни можности за компаниите да се вмрежат, да го промовираат својот бренд и да го прошират својот трговски круг низ регионот. Како изложувачи присутни се производители, компании, ланци и дистрибутери од целиот свет.

Можеби ќе ве интересира

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

Поддршка што создава иднина – КС Групација со нови студентски стипендии

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

„AI Bubble or AI Double“ – инвестиции, ризици и можности во ерата на вештачката интелигенција

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

MINT Ins донира училишен прибор за учениците во ОУ „Елпида Караманди“

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

CREDISSIMO ГИ „ИЗБРКА“ ВРАБОТЕНИТЕ ОД КАНЦЕЛАРИЈА

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

Одлични посни вкусови за празничната трпеза

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство

„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство