17 Декември, 2025
0.0391

Вива сокови и ѕвездите од „Дајте музика“ заедно се подготвуваат за големиот концерт во сабота!

Објавено во: Македонија 15 Јуни, 2022 09:31

Добивај вести на Viber

Најпопуларното детско и тинејџерско шоу „Дајте музика“ најави спектакуларен концерт на 18 Јуни, на стадионот на АРМ во Скопје со почеток од 20 часот. Обожавателите ќе можат да се дружат со Миха Гигов, Кристина Мукаетова, Филип Поповски и Анастасија Џабирска, како и малите старомаалци, во шоу организирано од Авалон, а под покровителство на ВИВА сокови.

Подготовките течат забрзано, а предизвикот е уште поголем бидејќи ќе се пее во живо.

„Ќе пееме во живо и верувам дека поради тоа атмосферата ќе биде уште подобра.  Се подготвуваме сериозно и посветено, секојдневно имаме часови по пеење, а подготвуваме и бомбастични кореографии. Овој концерт ќе биде едно незаборавно искуство и за публиката, но и за нас.“  - вели Анастасија Џабирска.

ВИВА тимот секогаш ги препознава вистинските вредности затоа и овојпат ја даде својата несебична поддршка на концертот на младите ѕвезди.

„Дајте музика“ е шоу кое промовира добри вредности на една генерација која допрва ќе се гради себеси и својот музички вкус, а ѕвездите на овој серијал се вистински промотори на македонската музика. Вива сокови како општествено одговорна компанија секогаш ги препознава настаните од голема важноста за заедницата и значењето на концерт во живо и за публиката и за изведувачите. Сигурни сме дека ова ќе биде одлична забава која ќе се памети, а за успехот ќе наздравуваме со ВИВА сокови. “- кажаа од маркетинг тимот на ВИВА.

Филип Поповски е главен мотиватор на пробите поттикнувајќи ги сите да работат повеќе и да дадат сѐ од себе со цел да ги надминат очекувањата на публиката.

 „Овој концерт за нас е огромен предизвик и се разбира голема чест. Сакам сите да дадеме сѐ од себе и на македонската публика да ѝ приредиме незаборавно шоу. Сигурен сум дека ќе направиме одлична забава, а ќе има и ненајавени изненадувања. Пробите се одвиваат во полна пареа, а благодарение на ВИВА сокови имаме вистинско витаминско освежување во секој момент. Уште од малечок денот не можам да си го замислам без чаша Вива од портокал – вели Филип.

И Миха Гигов потврди дека работат неуморно и вети супер забава.

„Публиката нѐ знае од серијалот, ги има снимените ЦД-а, од детска Евровизија, сме имале и театарска претстава и разни помали настапи но секој настап е поинаков, а овој голем концерт за нас е посебен и ветуваме дека ќе биде незаборавен за сите што ќе нѝ се придружат на Стадионот на АРМ на 18 јуни. Особено ни е драго што ја имаме таа чест да настапиме пред толку голема публика, а особено ни претставува задоволство безрезервната поддршка која ја имаме од Вива сокови. Вива Фреш Мултивитамин и забавата може да почне! – вели Миха.

Авалон Продукција најави беспрекорна организација со акцент на безбедноста на децата. 

Можеби ќе ве интересира

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

МВР со пријава против транспортери од Тетово, сакале да превезуваат ученици со измама

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“

„БОЛКАТА ВО ВРАТОТ СТАНУВА СЕКОЈДНЕВИЕ – СÈ ПОЧЕСТО КАЈ МЛАДИ ЛУЃЕ ОТКРИВАМЕ ЦЕРВИКАЛНА ДИСКУС ХЕРНИЈА“