Добивај вести на Viber
Скопје денеска е практично блокиран град, поради барикадите кои со шатори ги подигаа акривистите на опозициската СДСМ пред Владата и поради најавениот митинг на владеачката партија поради кој е блокиран центарот на градот.
Во очекување на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ , неколку стотици граѓани, учесници на вчерашниот мирен граѓански собир, кампуваат пред зградата на Владата, а со нив на улица ноќта ја помина и лидерот на СДСМ Зоран Заев.
Тие велат дека таму ќе останат се додека Груевски не поднесе оставка.
Премиерот, меѓутоа, порача дека нема да даде оставка бидејќи тоа го смета за кукавички чин.
Тој претходно го обвини Заев дека со монтираните снимки кои ги објавува сака да ја дестабилизира земјава.
Додека вчера, албанските и македониските знамиња се вееа пред Влада, Заев рече дека вистината за корупицијата избила на површината, што се видело во реките народ кои стигнаа на протестот од Скопје и од цела Македонија.
Вечерашниот собир на владеачката гарнитура е закажан за во 20ч пред Собранието на РМ.