Влошено ли е навистина здравјето на Бојан Јовановски?
Објавено во: Македонија 04 Октомври, 2019
Укажувајќи на здравствени проблеми, првиот осомничен во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски во Апелација на јавна седница побара да биде пуштен од затвор и да му се дадат поблаги мерки.
Во обраќањето пред судот, тој зборуваше за неговата здравствена состојба.
„Ниту мојот ментален склоп, ниту мојот лик и дело не укажуваат на тоа дека ќе избегам. Кога бев уапсен, не бегав, туку одев на платен одмор од седум дена. Најважно е што живеам да ја докажам вистината во овој случај , мојата невиност“, кажа Јовановски.
Јовановски е во притвор по три точки, заради неговата можност да влијае на сведоците, да го повтори делото и опасност од бегство.
Неговиот адвокат Сашко Дуковски рече дека Боки 13 не може да влијае врз сведоците затоа што истрагата веќе била завршена и дека тие донеле пресуда на 23 септември.
Јовановски, како прв осомничен во аферата за рекет за изнуда од 1,5 милиони евра од скопскиот бизнисмен Јордан Камчев во замена за ослободување од притвор, е во притвор од 15-ти јули.
Поранешната челничка на СЈО подоцна беше уапсенА во оваа афера откако италијанскиот весник „Ла Верита“ на својот портал објави прислушувани разговори меѓу Боки 13 и Камчев, во кои исто така се слушна гласот на Јанева со обраќање кон Камчев да не се грижи и дека сè ќе биде добро.
Јанева е осомничена за злоупотреба на службената положба, бидејќи само таа можеше да го одобри решението за ослободување на осомничените во случаите од обвинителството.