ВНИМАНИЕ! ОПАСНА ЗОНА НА ВОДНО!: ЦУК со предупредување до сите посетители - Ангелов вели „ПРИСТАПОТ НЕ Е ЗАБРАНЕТ“
Објавено во: Македонија 31 Мај, 2024
Од Центарот за управување со кризи известуваат дека согласно информации добиени од фирмата „Рапид Билд ДОО“ заради безбедност на граѓаните, нивното движење во близина на гасоводната делница Скопје - Гостивар ќе биде регулирано.
Имено, како што е најавено ќе има сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката, заради пневматско испитување на цврстината и непропусност на магистралниот гасовод Делница Скопје - Тетово - Гостивар.
Испитувањето ќе се врши во три последователни временски интервали од 30 мај до 22 јуни 2024 година:
- на делницата од црквата св. Мина во Сопиште (км 17+401) до Полициска станица Глумово (км 28+400), од 30 мај до 12 јуни;
- на делницата од Полициска станица Глумово (км 28+400) до селото Паничари, општина Сарај, (км 37+400), од 7 јуни до 16 јуни и
- на делницата од селото Паничари, општина Сарај (км 37+400) до пред село Ларце, општина Желино (км 47+829), од 12 до 22 јуни годинава.
- Во известувањето до ЦУК, "Рапид Билд" известува дека во согласност со законските регулативи и одобрената процедура за работа од инвеститорот и надзорот на проектот за изградба на магистрален гасовод Скопје - Гостивар, за време на изведување на испитувањето на цврстина и непропустност, пристапот на неовластени лица во сигурносен појас од 100 метри од двете страни на цевката е ограничен.
Од страна на ЦУК дополнително се информирани МВР, ДЗС, ЈП Национални Шуми, ЈП за стопанисување со пасишта, Град Скопје и општините Сопиште, Карпош, Сарај, Желино, Тетово, Брвеница и Гостивар - посочуваат од ЦУК.
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов појаснува дека и покрај испитувањето, пристапот на Водно не е забранет за посетители, но предупредува сите кои сакаат да рекреираат и да шетаат низ Водно, да бидат екстра внимателни.
- Треба да се внимава на зоните кои се обележани со знаци за предупредување кои се поставени на самите планинарски патеки со дополнително врзани обележувачки ленти преку патеките.
На патеките кои минуваат преку зоните на испитување фирмата треба да постави и лица за известување и предупредување - појаснува Ангелов.
Фото: ЦУК
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.