КЛИНИКАТА ЗА ХИРУРШКИ БОЛЕСТИ И ТОАРИЛУЦ ЌЕ ГИ ПРИМААТ ИТНИТЕ ПАЦИЕНТИ: преземени се мерки по најавите за прекин во водоснабдувањето
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2024
По најавата од скопски „Водовод“ за прекин во водоснабдувањето од вечер во поголем дел од градот, од ТОАРИЛУЦ и Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ информираат дека најитните интервенции утре ќе се реализираат непречено.
Директорката на ТОАРИЛУЦ, Марија Срцева рече дека во соработка со Службата за општи и заеднички работи при клиниките, во тек се подготвителни активности за непречено функционирање на клиниката ТОАРИЛУЦ, во однос на состојбата при прекинот на снабдувањето со вода.
- Најитните интервенции ќе се реализираат непречено. ТОАРИЛУЦ веќе направи план и организираше зголемен број медицински тимови кои ќе бидат ангажирани за време за викендов. Ги преземаме сите мерки за да продолжи континуитетот во работата, без притоа да има поголем застој во функционирањето - појасни Срцева.
Директорот на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, Небојша Настов утре не очекува проблеми во работата на оваа клиника.
- Не очекуваме проблеми, ќе работиме со итни пациенти како и секој викенд. Работното време кај нас е 24/7, изјави Настов.
Според најавата, прекинот во водоснабдувањето ќе биде вечер по 22 часот, а ќе трае сѐ до санирање на дефектот.
Без вода се очекува да бидат голем дел од скопските општини, освен Чаир, Бутел, Радишани, „Пластичарска“ до Американска амбасада, Визбегово, Бардовци, Железара, Автокоманда - висока зона, Ѓорче Петров од СП Планет, Сарај, Шутка, Топанско Поле, Новоселски Пат, населба Даме Груев, Кисела Јабука, Стопански Двор, Волково и Орман.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.