ВНИМАВАЈТЕ: Денес портокалова фаза-температурите ќе пржат!
Објавено во: Македонија 03 Септември, 2015
За месец септември велат : „циганското лето“ доаѓа.
Невообичаени високи температури бележат овие денови а топлото време ќе се задржи се до крајот на неделава кога се очекува температурите за опаднат за 4-5 степени.
Министерството за здравство, вчера прогласи потокалова фаза претежно во јужно-вардарскиот крај (Штип, Радовиш, Кавадарци, Демир Капија, Струмица, Гевгелија), и од таму порачуваат да не се одржуваат спортски активности на отворено во периодот од 11 до 17 часот, а особено се препорачува на установите за згрижување на децата (детски градинки) да не ги изнесуваат децата на отворено и да не практикуваат физичка активност во овој период .
Максималната температура долж текот на Вардар ќе има вредност околу 37°С. Југозападниот крај очекува максимална до 33°С, исто колку и повисокиот регион од источниот крај.
Оваа температура се очекува да се задржи до сабота, а во недела таа постепено за околу 3 до 4 степени.
Петок ќе биде сончев, сабота променлива со умерена облачност, додека во недела ќе биде ветровито и претежно облачно, а ќе има и локална појава на ралативно слаб дожд.