ВО АНГЛИЈА ПРОНАЈДЕНИ ОСТАТОЦИ НА БЕБЕ: приведени пет лица, полицијата се уште истражува
Објавено во: Свет 13 Април, 2024
Полиција од Манчестер, Велика Британија приведе пет лица откако беа пронајдени „остатоци од бебе“ на имотот на куќа во Марш Грин, Виган. Пет лица на возраст од 20 до 70 години се уапсени под сомнение дека прикривале смрт и незаконски погреб, соопшти полицијата. Тие добија кауција и беа пуштени да се бранат од слобода.
Шефот на полицијата Клер Џенкинс изјави дека полицијата истражува друга локација во Пембертон, пренесува Би-Би-Си.
- Ова е навистина срцепарателно откритие и не го потценувам влијанието што оваа вест ќе го има врз локалната заедница, рече таа.
Таа додаде дека неколку тимови од полицајци и специјализирани единици „внимателно работат на изнаоѓање одговори“.
- Во наредните денови ќе знаеме повеќе за околностите на овој инцидент, но убедени сме дека се работи за изолиран случај и дека нема опасност за пошироката јавност, посочи Џенкинс.
Фото: Принтскрин/ТвитерBREAKING: Five people have been arrested after police discovered what they believe to be human remains of a young baby in Wigan.https://t.co/X6hdDt2Jxc
— Sky News (@SkyNews) April 13, 2024
Sky 501, Virgin 602, Freeview 233 and YouTube pic.twitter.com/bEM9JrMju5