07 Октомври, 2024
0.0246

Во екот на протестите, Јанукович го смени првиот човек на Армијата

Објавено во: Свет 19 Февруари, 2014

Добивај вести на Viber

Украинскиот претседател Виктор Јанукович денеска го разреши досегашниот началник на украинската армија генерал-полковник Володимир Замана, а на негово место го назначи досегашниот прв човек на украинската морнарица, адмиралот Јури Илјин. Директна причина за ваквата смена не е наведена, но познато е дека Замана изрази отворено несогласување со Јанукович претходно кога тој сакаше да воведе вонредна состојба во земјата и нагласи дека армијата нема да ги напаѓа демонстрантите. Јанукович денеска ги прогласи протестите во Киев за „обид за државен удар“, а специјалните полициски сили „беркут“ започнаа опсежна антитерористичка операција со образложение дека радикалните демонстранти успеале да украдат поголемо количество оружје и муниција. САД и ЕУ најавуваат можни санкции за Украина, доколку веднаш не престане насилството во оваа земја. Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо изрази „шок и крајно незадоволство“ од најновото крвопролевање и најави мерки против одговорните за случувањата во Украина. Европските министри за надворешни работи се собраа на итен вонреден состанок во Брисел за да го разгледаат можниот одговор на новата украинска криза. Можни санкции најавуваат и САД. Американскиот државен секретар Џон Кери потврди дека „санкциите се можна опција за да се створи атмосфера за можен компромис“. Вашингтон со внимание ги следи настаните во Киев, но за сега конкретните мерки не се објавуваат. Русија, пак, за случувањата во Украина ги обвинува токму западните земји. Според портпаролот на рускиот претседател Владимир Путин, официјална Москва гледа на настаните во Киев како „обид за државен удар“. Сепак, тој ги демантираше тврдењата дека Путин го советува Јанукович како да се справи со кризата и нагласи дека украинската Влада треба сама да ги избере следните чекори кои ќе придонесат за намалување на тензиите. Европската инвестициска банка денеска ги замрзна сите свои активности во Украина по обновеното насилство во земјата. „Во овој момент ситуацијата е толку тешка, така што ќе испратиме погрешен политички сигнал, но освен тоа и ќе покажеме неодговорност кон луѓето, доколку продолжиме со активна работа во Украина“, информираа од Банката. Немирите се закануваат да зададат силен удар и врз украинската економија, откако дури и најхрабрите инвеститори започнаа да го повлекуваат својот капитал од земјата по изјавата на украинскиот претседател Виктор Јанукович, кој ги повика безбедносните сили да ги употребат „сите неопходни средства“ за да го вратат редот. Украинската гривна падна на најниско ниво во однос на американскиот долар во последните пет години, а само во текот на денешниот ден загуби 1% од вредноста.

Можеби ќе ве интересира

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„ХЕЛЕНА“ ИМ ОСТАВИ БРОЈНИ ЖРТВИ, НО СЕГА ПРИСТИГНУВА И „МИЛТОН“: Овој ураган може да биде уште побезмилосен

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

„СЀ ДОДЕКА СУМ НА ВЛАСТ ЌЕ ГО БЛОКИРАМ ЧЛЕНСТВОТО НА УКРАИНА ВО НАТО“:Сака да ги врати и економските врски со Русија

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

КИНЕЗИТЕ ГИ ХАКИРАЛЕ АМЕРИКАНЦИТЕ: Упаднале во системите за прислушување

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени

(ВИДЕО) ТЕРОРИСТИЧКИ НАПАД ВО ИЗРАЕЛ, ИЗБОДЕНИ ЛУЃЕ НА АВТОБУСКА СТАНИЦА: Еден мртов и осум повредени

ИЗРАЕЛ СЕ БРАНИ НА СЕДУМ ФРОНАТ ОД ХЕЗБОЛАХ, ХАМАС, ХУТИТЕ...Нетанјаху имеше видеообраќање

ИЗРАЕЛ СЕ БРАНИ НА СЕДУМ ФРОНАТ ОД ХЕЗБОЛАХ, ХАМАС, ХУТИТЕ...Нетанјаху имеше видеообраќање

КОЈ Е ЕСМАИЛ КААНИ, дали Израелците ликвидираа уште еден ирански моќник?

КОЈ Е ЕСМАИЛ КААНИ, дали Израелците ликвидираа уште еден ирански моќник?

МАСК БЕШЕ ГОСТИН НА ТРАМП ВО БАТЛЕР, МЕСТОТО НА АТЕНТАТОТ: „Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори“

МАСК БЕШЕ ГОСТИН НА ТРАМП ВО БАТЛЕР, МЕСТОТО НА АТЕНТАТОТ: „Ако Трамп не победи, ова ќе бидат последни избори“

ЕДЕН ОСТРОВ Е ЦЕЛ НА ИЗРАЕЛ, ДАЛИ СЕ СЛЕДНИ НАФТЕНИТЕ ПОСТРОЈКИ НА ИРАН: Израел веќе разговарал со САД за ова

ЕДЕН ОСТРОВ Е ЦЕЛ НА ИЗРАЕЛ, ДАЛИ СЕ СЛЕДНИ НАФТЕНИТЕ ПОСТРОЈКИ НА ИРАН: Израел веќе разговарал со САД за ова

ИЗРАЕЛ ЕЛИМИНИРАШЕ ДУРИ 15 ЛИДЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: „Но, Израелците никогаш не биле поисплашени“

ИЗРАЕЛ ЕЛИМИНИРАШЕ ДУРИ 15 ЛИДЕРИ НА ХЕЗБОЛАХ: „Но, Израелците никогаш не биле поисплашени“