23 Јануари, 2025
0.0351

Во каков свет сакаме да живееме во 2030 година?

Објавено во: Мои пари 23 Септември, 2014

Добивај вести на Viber

Social Good Summit, оваа година, за првпат, се одржа и во главниот град на Република Македонија, Скопје. Пред претставници на меѓународните организации, на невладиниот сектор, на академската фела, медиуми и студенти, Скопје  беше домаќин на дебата со глобално популарна тема: Во каков свет сакаме да живееме во 2030 година? „Целта на овој самит, е да ги споиме новите, иновативни технологии, со влијателните умови и да ги насочиме кон една тема: откривање на огромниот потенцијал на новите медиуми и технологии кои можат да го направат светот подобро место за живеење”, изјави Постојаниот координатор на ООН и Постојан претставник на УНДП, Луиза Винтон, која воедно беше и еден од домаќините на Skopje Social Good Summit. Претставници на државни институции на највисоко ниво ги претставија своите ставови пред присутните. „Верувам дека човештвото навистина брзо напредува, а со тоа и Република Македонија оди напред кон промоција на активности поврзани со подобрувањето на  квалитетот на живот. Наша задача е да влијаеме на локалните социјални услови, а со тоа се вклучуваме и ја поддржуваме светската определба за подобрување на условите за живот насекаде во светот. Новите технологии се незаменлив дел од креирањето на подобар свет за живеење, па во таа насока верувам дека само со нивна внимателна, и употреба во позитивен контекст, човештвото може навистина да профитира”, изјави Диме Спасов, министер за труд и социјална политика и еден од говорниците на оваа дебата, која се одржа во иста временска зона со главниот настан во Њујорк. Покрај Спасов, на настанот говореше и Марта Арсовска – Томовска, заменик министер за информатичко општество и администрација, која го нагласи значењето на новите технологии за развојот на човештвото. Деканот на ФИНКИ, Димитар Трајанов преку претставување на работата на Регионалниот центар за иновации, на практичен начин ги пренесе искуствата, како иновациите и новите технологии позитивно влијаат врз општеството. Новите медиуми беа претставени од личности кои се инволвирани во развојот на новите медиуми и технологии како нов канал за комуникација. „Дека технологијата оди напред, тоа не е спорно. Меѓутоа, мора да бидеме навистина внимателни за насоката во која ги развиваме истите. Денес многу се зборува за приватност, интима. Па луѓе, која интима ја имаме со илјадници следбеници на Твитер? Треба да ги користиме новите технологии за нови подвизи, но подвизи од кои гладните во светот ќе бидат нахранети, а не само фотографирани”, изјави Сашо Мацановски – Трендо, кој од модераторот на настанот беше најавен како „вистински великопоседник на витуелен простор во Република Македонија”. Покрај него, честа на професионалците од областа ја бранеше и Богдан Илиевски, познат и како Бетмен Велит. Светскиот дијалог за користењето на социјалните медиуми и новите технологии, како и нивното големо влијание врз општеството, под наслов Social Good Summit, се оддржа во повеќе од 60 држави низ светот, вклучувајќи ја и Република Македонија. Настанот беше во организација на УНДП и УНФПА, заедно со Министерството за труд и социјална политика, Министерство за Информатичко општество и Факултет за Информатички науки и компјутерско инженерство.

Можеби ќе ве интересира

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

Хрватска: Еден од најдобрите работодавачи во областа на туризмот бара лица кои би се вработиле во новото луксузно одморалиште

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

ATS Group ги претстави своите иновации на SHOT Show 2025

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Телеком со проект за паметно осветлување во општина Велес, кој ќе обезбеди заштеди на енергија и заштита на животната средина

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Заштедете и набавете го својот уред по специјална цена денес

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Како да заштедите пари и да ги планирате личните финансии

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Samsung Galaxy S25 Ultra го претставува Corning® Gorilla® Armor 2 – првото анти-рефлексно стаклено-керамичко решение во индустријата за мобилни уреди

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

Серијата Samsung Galaxy S25 ги поставува стандардите за телефон со вештачка интелигенција како вистински AI придружник

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

СРЕЌНИ ВЛТ ВЕСТИ: СИНОТ ЗА ВОДИЦИ ГО ФАТИ КРСТОТ, А ТАТКОТО ОСВОИ МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ

Склучен Договор за соработка и донација помеѓу Фондацијата „Никола Јанчев“ и МАНУ