Во каква состојба е девојчето што падна од зграда во Аеродром?
Објавено во: Македонија 06 Септември, 2016
Во текот на вчерашниот ден скопската населба Аеродром ја потресе веста за девојчето кое падна од седмиот кат .
Тоа го преживеа падот благодарение на телефонскиот кабел кој се заплеткал низ гранките на дрвја.
Детето поточно паднало од прозорецот а било оставено само дома бидејќи мајка му отишла да плати сметки во банка. Очевидци раскажуваат дека по падот, детето било во бессознание, при што потоа ги отворило очите и почнало да плаче довикувајќи ја мајка си.
Денеска состојбата на четиригодишното девојче е стабилна и нема опасност по нејзиниот живот.
Детето се наоѓа на Клиниката за детска хирургија со стабилни витални параметри.