Во колку домови е направена проценка на штета?
Објавено во: Македонија 17 Август, 2016
Направени се проценки на штетите во повеќе од 3.500 домови во поплавените подрачја во скопско.
На проценката работат четириесет тимови кои се на терен.
„Освен тоа проценета е штета и на околу 800 земјоделски парцели, а проценката ја прават 15 тимови. Со оглед на бројот на оштетени домаќинства, овој пат проценката оди многу, многу побрзо од кога било претходно“- рече премиерот Емил Димитриев при денешната посета на Црешево.
Димитриев вети дека она што е оштетено во невремето од 6 август ќе биде надоместено.
Тој најави дека наскоро ќе почне во оштетените подрачја да оди Комисијата за проценка на автомобили и земјоделска механизација.
Премиерот информираше дека Владата во сетот мерки за справување со последиците од поплавите, донесе одлука бесплатно да се прави анализа на земјоделското земјиште.
На 6 август во силно невреме се удавија 22 луѓе, а уште се трга по дете од 16 месеци.