Во Македонија чоколадите на „Витаминка“ ќе бидат најблиску до швајцарското чоколадо
Објавено во: Мои пари 17 Јуни, 2014 12:25
„Витаминка“ инвестираше 2,5 милиони евра во нови машини, БИЛЕР за производство на чоколадо. Првите производи ќе излезат на почетокот на 2015 година.
„Витаминка“ го опреми својот производствен погон за чоколадо и чоколадирани производи со нови машини од швајцарскиот бренд БИЛЕР. Овие машини се користат од страна на сите швајцарски производители на чоколадо и во најголема мера влијаат врз квалитетот на чоколадото. Со набавувањето на оваа технологија „Витаминка“ е единствена во Македонија која ќе произведува висококвалитетно чоколадо.
„За производство на висококвалитетни чоколади, покрај квалитетот на состојките кои се користат во производството, во голема мера зависи и од технологијата што се користи. Со овие машини, кои се премиум бренд во индустријата и стандардно квалитетните состојки кои ги користиме, квалитетот на нашите чоколади и чоколадирани производи ќе биде најдобар во Македонија, но и во регионот. Дополнително, со оваа инвестиција процесот во првата фаза на производство, каде што се прави чоколадната смеса ќе биде пред се поедноставен, а потоа и забрзан, со што и капацитетот на производство ќе биде зголемен за три пати“, изјави генералниот менаџер на „Витаминка“, Сашо Наумоски.
На швајцарските машини БУХЛЕР се произведува повеќе од 60% од чоколадото во светот, вклучувајќи ги сите швајцарски производители. Имено, развојот на приказната за познатото швајцарско чоколадо е тесно поврзана со машините на БУХЛЕР, бидејќи како бренд постојат повеќе од 100 години и се дел од производствениот процес на сите фабрики за чоколадо во Швајцарија.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




