Во невремето има над 20 повредени и 6 исчезнати
Објавено во: Македонија 07 Август, 2016
Во невремето кое синоќа го зафати Скопје и околината, освен 15 жртви, има над 20 повредени и 6 исчезнати луѓе.
Повредените се примени на скопските клиники. Дел од нив се со скршеници, скинати тетиви, а некои од повредените веќе се третирани и пуштени на домашно лекување. Од полицијата велат дека ова се само првични бројки и дека е можно бројот на повредени и жртви да се зголеми.
До 8.30 часот утрово се евидентирани 15 жртви.
Најмногу дожд во изминатите 24 часа имало во Скопје каде се измерени 93 литри на метар квадратен, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи за наврнат воден талог до 8 часот утрово.
Невремето беше страотно, а град Скопје свика и вонредна седница за денеска.
Поситни проблеми имаше и во тетовско, каде меѓу селата Шипковица и Бродец е однесен дел од патот.