Во синоќешното невреме во Скопје 15 жртви
Објавено во: Македонија 07 Август, 2016
Невреме кое синоќа ги зафати Скопје и околината однесе 15 жртви, потврдуваат од МВР за НОВА.
Жртви се потврдени во Арачиново и областа, Сингелиќ и Стајковци како најпогодени места од невремето. Телата на жртвите се од различни возрасти и се работи на нивна идентификација.
Вчерашниот пороен дожд и силен ветер во Стајковци и Синѓелиќ, предизвикаа одрони и свлечишта и ги поплави домовите и возилата.
Повеќе од 30 возила приближно час и половина беа заглавени на обиколницата кај селото, поради свлечиште што формирало насип, а водата влегувала и во автомобилите. Во Стајковци синоќа беа испратени припадници на војската и на специјалните единици.
Екипи на АРМ, МВР, противпожарната единица и јавните претпријатија помагаа во санирање на последиците од невремето.
За само два и пол часа наврна дожд колку за еден месец, односно над 33 литри на метар квадратен површина.