Во Скопје почнаа врнежи и силни грмотевици-Не излегувајте вечерва од дома!
Објавено во: Македонија 22 Август, 2016
Во главниот град пред десетина минути заврна. Врнежите се проследени со силни електирчни празнења.
Метеорологот Славчо Попоски предупреди и најави за денеска дека доаѓа силно невреме.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2016/08/20/struzhanetsot-koj-go-predvide-nevremeto-vo-skopje-povtorno-predupreduva/" target="blank" ]Стружанецот кој го предвиде невремето во Скопје повторно предупредува …[/button]
Имајќи го предвид фактот дека неговите предвидувања од претходниот пат се остварија, пожелно е денеска да го послушаме.
На социјалната мрежа Фејсбук каде постојано е активен , Славчо соопшти дека од пладневните часови територијата на Македонија ќе биде зафатена од влажна и многу нестабилна воздушна маса која се спушта од Северозапад.
Поради тоа од пладневните часови на повеќе места ќе се развива нестабилна облачност проследена со пороен дожд , силни грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат ИНТЕНЗИВНИ и во форма на НЕВРЕМЕ проследено со интензивен пороен дожд , силен ветер , силни електрични празнења и град.
Температурата ќе се движи од 30 до 37 степени. Доцна попладне и навечер температурите значително ќе опаѓаат поради спуштањето на студена воздушна маса од север.
Во случај на електрични празнења да не се престојува на отворен простор и дрвја.