Во Скопје зголемен бројот на собраќајни незгоди, за 24 часа осум собраќајки !
Објавено во: Македонија 23 Јуни, 2015
Главниот град Скопје очигледно е град во кој се случуваат најмногу сообраќајни незгоди.
Само во последните 24 часа од страна на сообраќајната полиција извршен е увид на вкупно осум сообраќајни незгоди, од кои шест се со последица материјална штета и две се со последица телесна повреда во кои со полесни повреди се здобиле еден возач на патничко моторно возило и еден возач на мопед.
Вчера сообраќајната полиција открила и санкционирал 26 возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење со возилото, од нив 13 возачи се движеле со брзина поголема од 90 километри на час во населено место, 13 возачи непрописно се престроиле пред крстосница, односно не го користеле безбедносниот појас или го користеле мобилниот телефон за време на управување со возилото, како и шест возачи кои не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, односно не ги почитувале светлосно сообраќајните знаци на крстосниците.
Според надлежните санкционирани се и осум пешаци кои поминале вон обележан пешачки премин.
Од нив, на четворица покрај поканата за наплата на глоба издадена им е и покана за сообраќајна поука.
Со помош на специјалното возило „пајак“ вчера од страна на сообраќајната полиција отстранети се 69 возила кои го попречувале нормалното одвивање на сообраќајот.
Единицата за безбедност во патниот сообраќај при СВР Скопје во рамки на проектот „Сообраќајна култура за децата во предучилишни установи“ ќе одржи едукативни работилници во детската градинка „Кочо Рацин“, објект „Наум Наумовски Борче“ која се наоѓа на подрачјето на општина Центар.