Во три термини, автобуси на ЈСП превезуваат волонтери до поплавените подрачја
Објавено во: Македонија 12 Август, 2016
Сите волонтери кои сакаат да помогнат на било кој начин во поплавените подрачја во околината на Скопско добиваат бесплатен превоз со автобусите на ЈСП.
Автобуси има три пати на ден и тоа во 9:00, 12:00 и 15:00 часот.
Поаѓаат од следните локации:
- Ѓорче Петров - пред црквата Св. Петар и Павле; продолжува кон Карпош - спроти Сити Мол, продолжува кон Центар – Југодрво, потоа кон Хотел Континентал (Спроти Општина Гази Баба) и продолжува кон крајната точка.
- Кисела Вода - пред општина Кисела Вода, продолжува кон Аеродром - на бул. Србија пред ОКТА и продолжува кон крајната точка.
- Бутел - пред стара општина Бутел, продолжува кон црква Св. Јован и продолжува кон крајна точка е Обилконица (Пункт накај Стајковци).
Последниот автобус се враќа во 19:00 часчот.