Волонтери ги повикуваат писателите и издавачите да помогнат на поплавените
Објавено во: Македонија 10 Август, 2016
Волонтерите од Фејсбук групата за помош на настраданите од поплавите во Скопје, ги повикуваат сите македонски писатели и издавачи да се вклучат во хуманитарните активности.
Тие велат „И перото спасува живот“ и ги повикуваат авторите од утре, со почеток во 10 часот, да донесат дел од тиражите на своите книги, на одделен дел од пунктот во „Сити Мол“ и континуирано, кога се во можност, писателите и лично да се присутни за да ги потпишуваат книгите на заинтересираните граѓани.
Целта е да се направи продажба на книги, а со собраните средства веднаш да се купува она што во загрозените подрачја е потребно.
Волонтерите се надеваат дека авторите и издавачите ќе го прифатат овој повик.