Возило со швајцарски таблички е извлечено од Калиманци
Објавено во: Македонија 27 Април, 2018 18:15
Специјалната нуркачка екипа на полицијата попладнево од езерото Калиманци извлече возило марка Ауди со швајцарски регистерски таблички.
Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова за МИА изјави дека од вчера специјални тимови со чамци го истражувале теренот, кој бил обезбеден од полициските службеници.
МВР соопшти дека М.Н. (44) од Виница на 24 април во 13.00 часот во Полициската станица Виница, пријавил дека во периодот од 22 часот на 23 април до 11 часот на 24 април од страна на непознат сторител му е одземено патничко возило „Аudi Q7“ со швајцарска национална ознака, кое било паркирано на ул. „Ангел Винички“ во Виница.
Истиот ден, во 18.30 часот во Полициското одделение Македонска Каменица, Б.М. (39) од Македонска Каменица пријавил дека во близина на „Рибнички мост“ на место викано „Буришјето“, атар на сeлото Илиово, Делчевско, на земјениот пат забележал траги од возило кои воделе кон браната „Калиманци“.
„Полициски службеници излегле на лице место при што биле пронајдени две пластики кои припаѓале на патничко возило „Аudi Q7“. На 26.04.2018 година околу 11.00 часот од страна на тим нуркачи од Единицата за специјални задачи било извршено пребарување во браната „Калиманци“ при што на длабочина од 18 метри било пронајдено возилото, кое денеска беше извлечено од браната“ - велат од МВР.
Можеби ќе ве интересира
Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје




