Вработените во Министерство за финансии наскоро со велосипед на работа
Објавено во: Македонија 04 Мај, 2015
Грижејќи се за поздрава животна средина, но и за здравјето на своите вработени Министерството за финансии за службени потреби почна да користи велосипеди.
По примерот на Гугл, вработените од Министерството своите работни задачи низ градот отсега натаму ќе ги извршуваат на велосипед.
Вработените со голем ентузијазам ја прифатиле идејата, па наскоро низ скопските улици ќе можат да се видат велосипедите со таблички на Министерството за финансии.
Ваква иницијатива разгледуваше лани францускиот Министер за сообраќај Фредерик Куливие.