Време е за Rock&Roll! – промоција на новиот албум на рок групата АСФАЛТ
Објавено во: Мои пари 10 Јуни, 2016 13:50
Денес во кафе барот ЧАО во ГТЦ, со почеток во 22 часот, ќе се одржи промоција на албумот „Време е за Rock&Roll“ на групата Асфалт.
Рок групата Асфалт ја сочинуваат Кире Стефанов - вокал, Ванчо Стојанов - гитара, Зоран Маневски - бас гитара, Душко Петрушевски - гитара и Ефтим Насков – тапани. За време на промоцијата тие ќе имаат и настап во живо на кој ќе отсвират дел од нивните нови песни.
„Групата беше активна во 80-те години, кога рокенролот беше животна филозофија за нашата генерација. Во 90-те престанавме да создаваме музика, но не престанавме да ја живееме рокенрол филозофијата, па така, во 2014 одлучивме да се вратиме малку посериозно на музиката.“ - велат од Асфалт.
Албумот „Време е за Rock&Roll“ е плод на желбата за повторно обединување на групата и враќањето на рокенролот на македонската музичка сцена. „Песните како идеја постојат уште од 80-те, под музичко влијание на светските бендови Led Zeppelin, Deep Purple, White Snake, како и под влијание на култните Бјело Дугме и Парни Ваљак. Веруваме дека нашата музика ќе допре до многу луѓе кои го сакаат рокенролот и ќе бидеме навистина среќни ако успееме да го вратиме на позицијата која сме убедени дека ја заслужува на македонската сцена.“
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




