Временска прогноза за Македонија
Објавено во: Македонија 30 Април, 2018 09:01
Времето во Македонија ќе биде претежно сончево и топло со умерена облачност, а во попладневните часови ќе има локален пороен дожд и грмежи.Можни се услови за нестабилност во западните и североисточните делови.
Утринската температура ќе биде во интервалот од 6 до 14, а максималната дневна од 23 до 29 степени.
УВ индексот ќе изнесува 7, што е доста високо за овој период.
Во Скопје температурата ќе се движи од 12 до 29 степени Целзиусови.
Во наредните денови продолжува периодот на топло време со умерен југоисточен ветер. Во претпладневните часови ќе преовладува сончево време, а попладне ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи. Повеќе услови за нестабилност ќе има во западните и североисточните делови и тоа претежно во планинските подрачја.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




