03 Јули, 2024
0.0297

ВРНЕЖИ И ГРМЕЖИ: Ќе наврнат над 30 литри дожд на метар квадратен

Објавено во: Македонија 02 Ноември, 2023

Добивај вести на Viber

Во следните часови, односно во текот на утрешното попладне и тоа поради влијанието на моќниот Џеновски циклон, од запад ќе започнат обилни врнежи од дожд и во вечерните часови, како и во текот на ноќта кон сабота, но и во сабота ќе се прошират насекаде низ Македонија и локално ќе бидат проследени со грмежи.

На многу места ќе наврне значително количество на воден талог (над 30 л/м2 воден талог, локално и над 50 литри дожд).

„Не се исклучува можноста за локално поголемо невреме со олуен ветер, силни електрични празнења, обилни врнежи од дожд па дури и со појава на град. Во следниот период ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец (локално со брзина од 60 до 80 км/час).  Во Скопје  и околината исто така очекуваме поинтензивни врнежи од дожд, проследени со засилен ветер од јужен правец, а можна е и појава на грмежи. Температурите иако за неколку степени пониски, сепак остануваат релативно натпросечни високи и ќе се искачуваат во интервалот од 15 до 21 степени. Само во сабота ќе биде посвежо со температури кои ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 20 степени. Наутро, барем одсега гледано во првата половина од овој месец не се очекува појава на минусни температури и на мраз, што значи продолжуваат натпросечно високите температури, иако кон средината на следната седмица се очекува помало заладување на времето. Инаку целиот регион е под закана на моќниот Џеновски циклон кој ќе донесе силно невреме, а можни се и локални поројни поплави“, вели метеорологот Славчо Попоски.

Посеверните, како и северозападните предели од европа исто така се зафатени од силно невреме и моќен циклон од Атлантикот. Таму дуваат ветришта со брзина дури до 200 км/час.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Чибишев вели дека нема повеќе каубојски вработувања на Токсикологија, осумнаесеттемина со истечени договори си одат

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ТОШКОВСКИ: Најмногу за два месеци ќе се нормализира процесот на издавањето на пасоши

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Долг од 140 милиони денари кон приватните превозници нема, моменталните побарувања во ЈСП сметководствено изнесуваат 34 милиони

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

ЈСП: Јавниот превоз ќе продолжи да функционира непречено, долгот ќе се сервисира

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

СЕКОЈ ОД ПРАТЕНИЦИТЕ ЌЕ ИМА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИ: Филипче беше на прва координација со пратеничката група

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ПРИ НЕВРЕМЕТО ВО СКОПЈЕ: Повредени биле две жени откако врз нив паднало дрво

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

ТАРАВАРИ ЗА ДИМИТРИЕВСКИ: Toj е во изборна еуфорија, употребата на албанското знаме е официјална

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

Коце Трајановски ја презеде директорската функција во „Државни патишта“

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови

„Така би заштедиле 500 милиони евра од унгарскиот кредит“: професор Трајковски со детална анализа за енеретските планови