28 Април, 2025
0.0355

„Вртењето кон обновливи извори на енергија е еден од главните приоритети во годините пред нас“: Божиновска од Женева

Објавено во: Економија 18 Септември, 2024 13:59

Добивај вести на Viber

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска учествува на „Неделата на одржлива енергија“ што се одржува во Женева, Швајцарија. Како панелист на две панел дискусии министерката даде свој осврт за насоките според кои се имплементира праведната транзиција, како нераскинлив  дел од процесот  на зелена транзиција на земјите од регионот, исто така говореше на темата за забрзување на енергетската транзиција.

 - Задоволна сум што како земја повторно имаме можност да учествуваме директно во дискусиите на еден од најреномираните настани за енергетика во Европа. Овој неколкудневен настан ќе ни помогне да го пренесеме нашиот став како Влада во врска со сериозните процеси што го очекуваат регионот на патот кон зеленото сценарио, декарбонизацијата и намалувањето на емисиите на јаглерод диоксид. Вртењето кон обновливите извори на енергија е наш императив и еден од главните приоритети во годините пред нас. Сигурна сум дека со колегите од регионот на УНЕЦЕ ќе имаме исклучителна можност за вмрежување и отворање на дискусии за сите предизвици во носечките процеси на енергетска транзиција - изјави Божиновска. 

Божиновска оствари билатерални средби со значајни претставници и чинители во полето на одржливата енергија, како заменик-извршниот секретар на UNECE, Дмитриј Маријасин, државниот секретар во Министерството за енергетика на Молдавија, Каролина Новак, и учествуваше на работен состанок со претседавачите на Комитетот на UNECE за одржлива енергија Јурген Кејнхорст и Маргалита Арабидзе.

Работата на УНЕЦЕ,  како организатор на Неделата на одржлива енергија е со цел да се подобри пристапот до достапна и чиста енергија за сите и да помогне во намалувањето на емисиите на стакленички гасови и јаглеродниот отпечаток на енергетскиот сектор во регионот. Овој настан се фокусира на широката дискусија за изградба на еластични енергетски системи за праведна енергетска транзиција во регионот на УНЕЦЕ. 

Можеби ќе ве интересира

ОФИЦИЈАЛНО: Фабрика на Владата е преземена од бизнисмен од Василево

ОФИЦИЈАЛНО: Фабрика на Владата е преземена од бизнисмен од Василево

ИЛОН МАСК ЗА РОБОТИТЕ-ДОКТОРИ: До 2030 година тие ќе ги надминат дури и најдобрите човечки хирурзи

ИЛОН МАСК ЗА РОБОТИТЕ-ДОКТОРИ: До 2030 година тие ќе ги надминат дури и најдобрите човечки хирурзи

РАБОТА ЗА ВИКЕНД И НА ПРАЗНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА - еве колку работници мора да се на смена кога поголем број од граѓаните се одмара

РАБОТА ЗА ВИКЕНД И НА ПРАЗНИЦИ ВО ГЕРМАНИЈА - еве колку работници мора да се на смена кога поголем број од граѓаните се одмара

ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА - еве колку ќе се зголемат цените на бензините и дизелот

ПОСКАПУВААТ ГОРИВАТА - еве колку ќе се зголемат цените на бензините и дизелот

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА СО РАСТ ОД 2,6 ОТСТО - најмал меѓу земјите од Западен Балкан, еве какви се прогнозите на Светска банка

МАКЕДОНСКАТА ЕКОНОМИЈА СО РАСТ ОД 2,6 ОТСТО - најмал меѓу земјите од Западен Балкан, еве какви се прогнозите на Светска банка

Објавен тендер од 17 милиони евра за електрична конекција со Албанија

Објавен тендер од 17 милиони евра за електрична конекција со Албанија

Македонскиот електросистем бил пред колапс за празникот поради големиот број на фотоцентрали?

Македонскиот електросистем бил пред колапс за празникот поради големиот број на фотоцентрали?

РЕКОРДНИ 247 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ТРИ МЕСЕЦИ ОД КОНЦЕСИИ - двојно поголема наплата поради активностите за контрола

РЕКОРДНИ 247 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ТРИ МЕСЕЦИ ОД КОНЦЕСИИ - двојно поголема наплата поради активностите за контрола

ШТЕРЈО НАКОВ НЕ СЕ ДАВА, СЕ ПРЕДЛОЖИ СЕБЕ СИ ЗА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ ВО БОРДОТ НА „ФЕРШПЕД“ - познати членовите за кои ќе се гласа на акционерското Собрание

ШТЕРЈО НАКОВ НЕ СЕ ДАВА, СЕ ПРЕДЛОЖИ СЕБЕ СИ ЗА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ ВО БОРДОТ НА „ФЕРШПЕД“ - познати членовите за кои ќе се гласа на акционерското Собрание