16 Декември, 2025
0.5966

Врвните вина на „Тиквеш“ освоија нови 13 медали и признанија за својот квалитет

Објавено во: Мои пари 26 Мај, 2016 11:50

Добивај вести на Viber

Нов значаен успех на IWC 2016 во Лондон.

На еден од најмасовните и секако најпрестижни светски вински натпревари - „Интернешенел Вајн Челинџ“ (IWC–International Wine Challenge) што се одржува во Лондон, врвни вина на винарската визба „Тиквеш“ освоија 13 медали и признанија, со што го надминаа минатогодишниот успех.

На годинешниот натпревар, сребрени медали освоија „Темјаника Спешал Селекшн“ 2015-та и „Каберне Совињон Спешал Селекшн“ 2014-та, а бронзени медали вината „Домен Лепово Гранд Куве“ 2013-та и „Шардоне Спешал Селекшн“ од бербата 2015-та. Останатите пријавени вина на „Тиквеш“ за годинешното оценување добија посебни признанија со кои се истакнува нивниот квалитет.

„Веќе традиционално нашите вина освојуваат голем број награди на овој престижен вински натпревар на кој учествуваат сите оние што нешто значат во светот на виното во глобални рамки. Посебен куриозитет оваа година е тоа што медали и признанија добија сите 13 наши вина што годинава ги испративме на натпреварот. Тоа јасно покажува дека нашите вина без оглед на кој сегмент му припаѓаат, нудат најдобар однос на цена и квалитет“, објаснува генералниот директор на винарската визба „Тиквеш“, Игор Илиевски.

Медалите и признанијата освоени на IWC имаат особено значење и заради фактот што тоа е еден од натпреварите со најдолга традиција во светот, која трае цели 33 години. Секое вино кое освоило медал и признание се оценува најмалку три пати, од минимум 10 различни судии, со таканаречената метода „оценување на слепо“. Ваквиот начин на оценување, за организаторите на овој натпревар, претставува дополнителна гаранција за квалитетот на наградените вина и одлична препорака за потрошувачите ширум светот.

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив