Вториот извештај на СЈО во Собрание - ќе го образложи ли Јанева пред пратениците?
Извештајот за работата на Специјалното јавно обвинителство стигна во Собранието и во Советот на јавни обвинители, но засега не е ставен на дневен ред.
Објавено во: Македонија 19 Септември, 2016
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева претходно соопшти дека во периодот од 19 до 30 септември е подготвена да го презентира извештајот пред пратениците и пред Советот на јавни обвинители. Во согласност со Законот таа треба да ги доставува извештаите за работата до нив.
Во Советот на јавни обвинители, извештајот ќе биде ставен на дневен ред на седница, а на неа ќе биде поканета и Јанева.
Вториот шестмесечен извештај СЈО го објави на 15 септември, на годишнината на основањето.
СЈО минатата недела до Кривичниот суд ги поднесе првите две обвиненија. Едното е за уништување документи прибавени од незаконското прислушување, а второто обвинение за насилство за време на протести пред зградата на Општина Центар во 2013 година.