WSJ: Паметните часовници на Apple ќе имаат повеќе од 10 сензори
Објавено во: Мои пари 20 Јуни, 2014 20:34
Apple е се поблизу до лансирање на својот паметен часовник, ако судиме по бројните неофицијални информации кои се појавуваат секојдневно.
„Wall Street Journal“ известува дека Apple планира новиот паметен часовник да дојде во повеќе различни екрани, а ќе има повеќе од 10 сензори кои ќе ѓи пратат фитнес и здравствените карактеристики на корисникот. Се претпоставува дека новиот паметен часовник ќе може да се одалечува од iPhone и iPad уредите, и дека ќе работи самостојно во пратење на фитнес активностите и здравјето на корисникот.
WSJ наведува кои се сензори би можеле да се најдат во новиот Apple часовник, а тие вклучуваат акцелометар, магнетометар, жироскоп, компас, сензор за пратење на работа на срцето, алтиметар и амблиентален светлосен сензор.
Ова се само некои од потенцијалните сензори, а можно часовникот да има и сензори за детекција на телесната температура, лоцираање, препознавање на гласот и друго. Извор на WSJ наведува дека производството на iWatch ќе започне во наредните недели.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив




