За 1 Мај се наплаќало 100 денари паркинг, а секогаш било бесплатно
Објавено во: Македонија 02 Мај, 2018 08:45
Жителите кои одлучија оваа година да го празнуваат Денот на трудот 1 Мај и да го поминат на езерото Треска за паркинг требало да платат по 100 денари, објави ТВ21.
Телевизијата вели дека сумата била голема за возачите па автомобилите ги паркирале на алтернативни места.
Сопствениците на камп приколките велат дека другите денови паркингот е бесплатен, а директорот одговорен за одржување на езерото Треска, Аки Саити, за ТВ21 рече дека на секој сопственик на камп приколка му е дозволено место за еден автомобил, но, според него, сопствениците се обидувале да внесат повеќе автомобили и поради тоа им било побарано да платат паркинг.
Инаку оваа година имаше голем интерес празникот да се помине покрај езерото Треска, кое е испразнето, но тревникот, патеката и дрвјата му даваат примамлив амбиент на одморалиштето.
Можеби ќе ве интересира
„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија
Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери
ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето
Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра
Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме
„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина
ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба
Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје
ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал




