За легализација на дивоградбите општина Илинден донесе 1.800 решенија
Објавено во: Македонија 15 Јануари, 2013
1.800 решенија и согласности за легализација на дивоградбите досега издаде општина Илинден. До општината за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти беа поднесени вкупно 6.200 барања.
Општината подготвува посебни известувања за оние граѓани кои досега не ги комплетирале документите, особено оние што се уште немаат поднесено геодетски елаборати, во кои ќе ги информира дека согласно измените на Законот за легализација имаат рок од 18 месеци да ја комплетираат потребната документација.
Со цел да им излезе во пресрет на граѓаните општината реализираше и серија советувања на тема „Легализација на дивоизградени објекти”. На средбите граѓаните имаа можност директно да се запознаат со постапките и чекорите за легализација и да се информираат за разрешување на проблемите што произлегуваат од досегашната имплементација на Законот за постапување со бесправно изградени објекти. Општината најавува дека ваквите трибини и советувања ќе продолжат и во иднина.