ЗА ПЕРИОД ОД 20 ГОДИНИ: Што се случи со цената на златото?
Објавено во: Економија 10 Септември, 2024
Ако споредиме за период од 20 години, цената на златото доживеала драстична промена. За две децении, таа се зголеми за 800 отсто.
Сегашната светска берзанска цена е околу 2.520 долари за унца, што е раст од скоро 500 долари за само осум месеци од годинава. Но. се очекува годината да ја заврши со нов рекорд.
Како што велат аналитичарите, побарувачката за инвестициско злато во Америка и во Кина се третира како една од најбезбедните и најодговорните набавки. Побарувачката за инвестициско злато во првиот квартал годинава се зголеми за 68 отсто во однос на минатата година. И лани цените на златото растеа.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.