За поплавените ќе пристигне и помош од Унгарија
Објавено во: Македонија 15 Август, 2016
И Унгарија ќе донира за поплавените во скопско.
Во касарната „Гоце Делчев“ во Скопје денеска ќе пристигне помошта што ја испрати Унгарија за настраданите во поплавите преку Механизмот за цивилна заштита на ЕУ.
Од Дирекцијата за заштита и спасување информираат дека на примопредавањето на донацијата ќе присуствуваат амбасадорот на Унгарија во Македонија, како и претставници на Владата.
Има најави за пристигнување на донациите и од Австрија, Словачка и Бугарија. Со овие донации се зголемува бројот на држави кои донираат помош за поплавените региони во Македонија.
За загрозените во поплавите донираа голем број земји од соседството и пошироко. Помошта се состоеше во неопходни средства и техничка опрема.
Поплавите однесоа 22 животи, уништија многу домови и покуќнина.