ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ПОДРАЧЈА: Бугарија испраќа хуманитарна помош од 120 000 лева
Објавено во: Македонија 17 Август, 2016
Владата на соседна Бугарија ќе обезбеди хуманитарна помош за нашата земја за надминување на последиците од полавите која ја зафатија земјата на 6 и 7 август, соопштија од прес-службата на Министерскиот совет на нашиот сосед.
Хуманитарната помош е во форма на имот - шатори, кревети, гумени чизми, заштитни сетови, кабелски мрежи, лопати, гребла, кофи и метални колички, средства за дезинфекција и чистење, ракавици, водни пумпи, бензински електроагрегати, минерална вода и детски пелени.
Вкупната хуманитарна помош од соседите е близу 120 илјади лева.
Обезбедување на помош е израз на сочувство на Бугарија кон трагедијата, која ги зафати граѓаните. Бугарија беше првата земја која испрати спасувачки екипи во Скопје ден по катастрофата, за да им помогне на локалните власти и населението за побрзо закрепнување.
Потсетуваме дека скопскиот регион и делови од земјата беа зафатени од катастрофално невреме. Жртвите на стихијата се 22, а повредените - над 100 лица. Земјата прави обид да ја покрие штетата и да им помогне на настраданите по катастрофата.