Добивај вести на Viber
На дел од скопските плоштади ќе биде забрането да се поставуваат билборди, осветлени рекламни витрини и ЛЦД панели. Според Предлог одлуката на Градот Скопје, забраната ќе важи за плоштадите „Македонија“, „Филип Втори“ и „ВМРО“. Во образложението на Градот се посочува дека одлуката се носи за да не се оштетат површните на кои се лоцирани овие три плоштади.
-Со цел да се зачувуваат амбиенталните вредности на овие простори, да се спречат евентуалните непредвидени дополнителни оштетувања на новоизградените партерни површини и да се избегнат прекопи кои можат да доведат до оштетување на веќе поставените и вградени материјали, а поаѓајќи од фактот што во проектите за изградба и реконструкција на овие три плоштади не се предвидува поставување на билборди (мегалајти), осветлени рекламни витрини (сити лајти) и ЛЦД панели потребно е да се донесе Одлука со која ќе се забрани поставување на рекламни објекти, се наведува во образложението на Градот.
Градските власти информираат дека овие три плоштади се сеуште во фаза на реконструкција и уредување на јавните површини.Лани Градот донесе одлука за изградба на фонтана на Плоштадот Македонија.Во март годинава беше донесено одобрување за партерно уредување на Плоштадот „Филип Втори“. Минатото лето беше донесено одобрувањето за изградба на Плоштадот „ВМРО“, со кое се одобри изградбата на зградата на владејачката партија “ВМРО ДПМНЕ”
Според образложението од Градот, досегашните билборди, осветлени рекламни витрини и ЛЦД панели на овие плоштади ќе бидат дислоцирани на други локации во истата зона.
-Доделените локации за поставување на билборди (мегалајти), осветлени рекламни витрини (сити лајти) и ЛЦД панели што се утврдени со Програмата за поставување урбана опрема - рекламни паноа на подрачјето на Град Скопје за периодот 2012 - 2027 година, а кои се наоѓаат на подрачјето на Плоштад „Македонија“, Плоштад „Филип Втори“ и Плоштад „ВМРО“ ќе бидат заменети со други локации надвор од ова подрачје, а во рамките на иста зона.
Во 2012-та година Градот донесе Програмата за поставување урбана опрема-рекламни паноа на подрачјето на Град Скопје за периодот 2012-2027 година. Во таа програма на одреден број локации кои веќе се наоѓаат на овие плоштади беше предвидено поставување на рекламни паноа. Од Градот посочуваат дека програмата е донесена пред изградбата и реконструкцијата на трите плошатди и дека затоа се наметнува потребата од дислокација на билбордите со цел површината на трите новоизградени плоштади да се заштити од оштетување, евентуални прекопи и слично. Поради забраната за поставцување и дслоцирање на веќе постоечките билбори, Програмата за поставување урбана опрема-рекламни паноа на подрачјето на Град Скопје за периодот 2012-2027 годинаќе претрпи измени, а новите локации за преместување на билбордите допрва ќе се прецизираат.
Нови цени за поставување на натписи и рекламни табли
За поставување на натписи и рекламни табли во заштитниот појас на јавните патишта во Скопје, инсталации во трупот на патот и во патниот појас, за прекумерно користење на пат, за вонреден превоз и за штета сторена на патот и објектите на патот, Градот предлага нов ценовник. Еве колку ќе изнесува надоместокот четриите зони, утврдени по границите на градските четврти согласно Генералниот урбанистички план на Скопје 2012-2022:
Од Градот образложуваат дека поради промената на надоместоците дел од членовите во Законите за локална самоуправа и за јавни патишта ќе претрпат измени со цел да се направи усогласување со “Програмата за поставување урбана опрема - рекламни паноа на подрачјето на Град Скопје за периодот 2012 - 2027 година“.Така доколку натписите или рекламните табли се протегаат низ две зони истовремено, висината на надоместокот ќе се утврди согласно повисоката цена утврдена за една од зоните на која рекламните табли се протегаат.Доколку за натписот или рекламната табла е потребно напојување со електрична енергија, барателот е должен приклучокот за електрична енергија да го обезбеди самостојно од овластен економски оператор за снабдување со електрична енергија. За предлогот за измена на надоместоците градските советници ќе расправата следната недела на седница на Совет.
Ј.С.