ЗАЕМИ ОД ЕМИРАТИТЕ: Србите ќе ги враќаат парите со повисоки камати

Објавено во: Свет 08 Јули, 2024 20:51
Поскапуваат заемите од Емиратите, а Србите ќе враќаат две милијарди долари со повисоки камати.
Парите кои Србија ги позајмила од Емиратите преку два заеми, наместо оваа – ќе се враќаат за две години и со повисока камата. Наместо заемот од милијарда долари земен од Фондот за развој на Абу Даби во 2022 година да се врати во декември годинава, тоа ќе се направи дури во 2026 година, пишува Н1 Србија. Продолжувањето на рокот за отплата дополнително ќе ја чини Србија, бидејќи ќе плаќа камата по стапка од четири проценти, наместо првично договорените три проценти. Истото важи и за уште една милијарда долари, позајмени уште во 2014 година од Владата на Емиратите со стапка од два отсто, каде што исто така ќе се враќа заемот две години подоцна – во август 2026 година, со стапка од четири проценти.
Владата на 4 јули усвои два нацрт-закони поврзани со договор и договор за заем потпишан од Србија со Владата на Обединетите Арапски Емирати и Фондот за развој на Абу Даби.
Фото: Pexels
Можеби ќе ве интересира
(ВИДЕО) ЖЕСТОКИ УДАРИ ОД ИРАН: Аеродромот во Тел Авив e во пламен

НЕСРЕЌА СО БАЛОНИ ВО КАПАДОКИЈА: Eден човек загина

(ВИДЕО) РУСИН ГИ ИЗГУБИ ДВЕТЕ НОЗЕ ВО УКРАИНА: Сепак влечеше вагон тежок 24 тони, погледнете го ова чудо

(ВИДЕО) ПУТИН ОТКРИ ДЕКА ИМАЛ МАЛ ПРОБЛЕМ СО ОЧИТЕ: Раскажа за што точно се работи

ИЗРАЕЛ ДО ИРАНЦИТЕ: Ако живеете во близина на иранските воени објекти, заминете за да ги заштитиме вашите животи

ЕРДОГАН ДО СИРИЈА: Не се мешајте во конфликтот меѓу Израел и Иран

(ВИДЕО) ГОРИ КОНВОЈ: Украинците тврдат дека со ХИМАРС елиминирале руски војници

(ВИДЕО) ИРАН ИЗВРШИ НАПАДИ НА ИЗРАЕЛ: Има загинати, а меѓу нив и деца
