Заев: Барам организирање на брзи предвремени избори
Објавено во: Македонија 19 Октомври, 2019
Премиерот Зоран Заев денеска на прес-конференција изјави дека во Брисел ни направија голема неправда, а ЕУ не остана на ветеното.
Најави организирање брзи предвремени избори, на кои граѓаните ќе донесат одлука во кој правец ќе се движи Македонија. Oва ќе го изнесе утре на лидерската средба кај претседателот Стево Пендаровски.
Заев се заблагодари на сите европски лидери кои се бореа да се додели датум за Македонија.
„Факт е дека ние сме жртви на историска грешка на ЕУ, и тоа предизвикува кај сите нас огромна огорченост, и јас сум разочаран“, рече Заев.
Вели дека ваква одлука е донесена поради нерешени работи во ЕУ.
„Европскиот сон на македонскиот народ нема да биде срушен“, изјави Заев.
Побара сите двојно повеќе да работиме за да имаме европска земја.
Maкедонија и Албанија вчера не добија датум за почнување преговори со ЕУ, а најголем противник на процесот беше Франција. Навраќање на ова прашање ќе има идната година на самитот во Загреб.