17 Декември, 2025
0.0533

Заев: Основното право на човекот е да биде заштитен и сигурен на работното место

Објавено во: Македонија 01 Мај, 2018 09:59

Добивај вести на Viber

Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев по повод Меѓународниот ден на трудот, 1 Мај, упатува честитка до сите граѓани на Република Македонија.

Во честитката,премиерот Заев истакнува дека основно право на човекот е да биде заштитен и сигурен на работното место, а одлика на секое цивилизирано и современо општество е почитување и вреднување на сечиј труд подеднакво.

„Одлучни сме и посветени на градењето еднакво општество за сите, a грижата за стандардот на работниците е еден од нашите приоритети. Подготвени сме силно да го поддржиме развојот на домашните претпријатија, бидејќи само мотивирани работници може да ја креираат економијата, да бидат нејзин двигател.Само така можеме да обезбедиме квалитетен живот, достоинствени работни места, пристојни плати и пензии, напредна и просперитетна Македонија”, порачува премиерот Заев во честитката по повод 1 Мај.

Премиерот Заев во својата честитка ја нагласува социјалната и економската инклузија за која вели дека мора да се одвива паралелно со реализација на приоритетите на Владата за економски раст и развој, со креирањетонови работни места и со зголемувањето на конкурентноста на пазарот на труд. 

„Нека ни е честит Меѓународниот ден на трудот. Да продолжиме заедно да ја градиме социјалната држава која ја пропишува нашиот Устав, да ги направиме сите чекори за решавање на социјалните аспекти на нашето живеење. Пред речиси една година најавивме и изминативе месеци тоа се случува, враќање на државата, на нашата Македонија во рацете на работниците и на граѓаните. Да ја градиме заедноМакедонија како земја на можности за сите, демократска и просперитетна држава, достојна за живеење”, потенцира премиерот Заев во честитката по повод 1 Мај. 

Можеби ќе ве интересира

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал

ВИДЕО: Лути патници пцуеле и навредувале возач на ЈСП, затоа што автобусот го чекале еден час и се расипал