17 Декември, 2025
0.6812

Заев побара од ЕУ датум за преговори до јуни, но што е побарано да спроведе дотогаш

Објавено во: Македонија 27 Април, 2018 15:46

Добивај вести на Viber

Лукас Холуб од Делегацијата на ЕУ во Македонија на денешниот Национален совет за евроинтеграции го потсети Зоран Заев кои приоритети треба да бидат исполнети, откако шефот на Владата побара датум за преговори за влез во Унијата во јуни.

Холуб истакна дека и покрај евидентираниот напредок во Извештајот на ЕУ, земјава треба да продолжи со реформите. Тој препорача ДИК да се формира навреме со мандат и ресурси за спроведување на својата задача на непристрасен и транспарентен начин, Собранието да води конструктивен дијалог, да не се донесуваат закони по скратна постапка, покрај СЈО и другите институции на многу поактивен начин да водат борба со корупцијата, да се зголеми независноста на регулаторните тела, итн.

- Во изминатите два извештаja на Европската комиија заради длабоката политичка криза и назадувањето со реформите и констатицијата за заробена држава, препораката за почеток на преговори со Европската унија беше суспендирана и условена со обезбедување демократски амбиент и демократски реформи. Оваа година препораката е чиста и безусловна и само ни претстојат чекорите кои треба да ги изодиме до портата на ЕУ. Никогаш не сме биле поблиску и нема да отстапиме ни педа од овој процес - порача Заев.

На седницата на Националниот совет за евроинтеграции на која се разгледуваше Извештајот на ЕК за Република Македонија за 2018 година. Тој го оцени добивањето на безусловната препорака за почеток на преговори за членство во ЕУ како настан на кој се горди сите граѓани, како потврда за постигнатото и додаде дека тоа претставува силен мотив за да се продолжи со реформте со цел во јуни да се добие датум за старт на преговорите.

– Подготвени сме за тој нов чекор напред. Цврсто сме определени да спроведеме одржливи решенија низ суштинските реформи во сите области опфатени во планот 3-6-9, рече Заев и додаде дека Владата уште порешително ќе ги води реформските процеси во следните два месеца.

Потенцира дека врз основа на Извештајот на ЕУ се утврдени следните итни реформски процеси што треба да се спроведат до крајот на годинава.

Бугарскиот амбасадор Иван Петков, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, посочи дека сите граѓани на Македонија можат да бидат горди на добивањето на безусловната препорака бидејќи сите помогнале за тоа и додаде дека за тоа придонело и подобрувањето на добрососедските односи, а посебно потпишувањето на договорот со Бугарија за кој, како што кажа, била неопходна храбрст на двајцата премиери. Најави дека на состанокот на ЕУ во Софија во мај ќе се разгледува како може да им се помогне на сите земји од Западен Балкан да продолжат со реформите со цел да станат идни членки на Унијата.

Вицепремиерот за евроиеграции Бујар Османи нагласи дека извештајот се однесува за 16 месеци и ги опфаќа деловите од работата на минатата и сегашната Влада.

– Извештајот по прв пад дава споредба со земјите од регионот и можност за споредба на сработеното. Иако Македонија нема отворено ниедно поглавје, а некои ги имаат отворено сите 30, таа е прва во исполнувањето на економскиот дел и го дели првото место со Црна Гра во политичкиот дел, рече Османи.

Претсеателот на Националниот совет за евроитенграции Никола Попоски од ВМРО-ДПМНЕ рече дека на сите ќе ни биде подобро доколку ги применуваме европските стандарди. Тој посочи дека земјава треба да премине на примена на законите, а не само на нивно усогласување со европските стандарди, дијалогот да биде отворен и инклузивен, а не толку далеку од јавноста. На Владата и препорача да биде отворена за критика и наместо на славење да се насочи кон критичките извештаи за да ги поправи деловите кои се посочени, како и да ја подобри економијата.

Попски рече и дека во минатото СДСМ како опозиција правела политички опструкции, но земјата економски напредувала, а сега иако ВМРО-ДПМНЕ како опозиција не прави никакви опструкции државата екномски назадува.


Можеби ќе ве интересира

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

Грчкото МНР реагира за изјавата на Мицкоски: Секој обид за фалсификување или менување на содржината на Договорот oд Преспа нема да биде прифатен

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

„Кој има две блузи, нека даде една на оној што нема ниедна“: Празнична солидарност на дело - Велешани со пример за цела Македонија

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

Наводите за привилегии за тендерите се неточни, велат од Владата по обвинувањата за давање милионски тендери

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

ДСЗИ бара комисија за стручен надзор - таа ќе утврдува дали има пропусти во третманот и лекувањето на бебето

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Кузеска: Фирма со тројца вработени за два месеци добила тендери од 1,2 милиони евра

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

Воздухот и понатаму е загаден, ама барем сега имаме подобар сајт да го гледаме

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

„Дали институциите ќе реагираат навреме или ќе чекаат трагедија“: Левица со остра реакција за „Зимзоленд“ и за новиот директор на Зоолошка градина

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

ДКСК: 35 поранешни и 19 новоизбрани градоначалници не ја пријавиле имотната состојба

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје

Љупчо Пецов Ѓаволот пуштен во домашен притвор по апсењето на Стафа, имал нарушено здравје