Добивај вести на Viber
Руски воен репортер загина во украински напад со дронови.
Станува збор за Семјон Еремин, кој работеше за рускиот дневен весник „Известија“. Тој е убиен во напад на украинско беспилотно летало во југоисточна Украина. Весникот наведува дека 42-годишниот Еремин им подлегнал на раните што ги здобил во напад со украинско беспилотно летало додека се враќал од руска единица во регионот Запорожје.
Најмалку 15 новинари загинаа во војната во Украина од почетокот на руската инвазија во февруари 2022 година. Меѓу нив имаше и руски пропагандисти. Се очекува дали Украина ќе добие нова воена помош од САД.