Захарова: Северен поток е саботиран на места „каде што Вашингтон има контрола“
Објавено во: Свет 29 Септември, 2022
Гласноговорничката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, коментирајќи ги експлозиите кои му нанесоа материјални последици на Северне тек, рече дека истекувањето на гас во близина на брегот на Данска и на Шведска се случи во подрачје врз кое „Вашингтон има целосна контрола“. Ова таа го искоментира во интервју за телевизијата „Соловјев лајф“.
– Тоа се случи во трговските и економските зони на Данска и Шведска. Тоа се земји кои се целосно под контрола на американските разузнавачки служби, истакна Захаров.
Европска Унија засега останува на ставот дека се работи за саботажа како причина за истекувањето на подморскиот руски гасовод кон Европа, без да го наведе изворот на нападот.
Првото истекување беше забележано на 26 септември. Шведската крајбрежна стража денеска соопшти дека е откриено уште едно истекување на гас од Северен поток 2. Тоа значи дека досега има четири истекувања.
– Две од четирите истекувања се во ексклузивната економска зона на Шведска. Другите две истекувања на гас се во данската ексклузивна економска зона, изјави портпаролката на шведската крајбрежна стража Џени Ларсон