Заменети бетонските стоплчиња во центар
Објавено во: Македонија 11 Февруари, 2013
Од страна на Јавното претпријатие „Улици и патишта“, одстранети се ниските бетонски столпчиња покрај тротоарот на улицата Вељко Влаховиќ и заменети се со ниски и метални столпчиња.
-Тие беа многу стари бетонски заштитни столпчиња. Кај гимназијата ‘Јосип Броз - Тито‘ беа сменети бидејќи беа искривени, искршени, на некои им фалеа и делови. Металните столпчиња се доста пофункционални. Ефикасни се, подолго траат, ја вршат истата заштитна улога, а што е најважно многу се поедноставни и полесни за поставување. Доколку има потреба, односно доколку бидат искривени или оштетени од несовесни возачи, можат да се заменат и преку ноќ. Значи, одржуваат постојана безбедноста за сите учесници во сообраќајот“, објаснува директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски, дополнувајќи дека металните столпчиња се производство на претпријатието. Тие се производ на „Улици“. Такви, веќе има поставено долж булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ и на „Климент Охридски“ близу Соборниот храм, а планирано е такви да се постават и на улица „Самоилова“.