Започна големата наградна игра на Еуролинк oсигурување
Објавено во: Мои пари 13 Јуни, 2016 11:34
Во наградната игра учествуваат сите оние што до 31 јули ќе купат онлајн патничко осигурување преку интернет-продавницата на Еуролинк осигурување на www.eurolink.com.mk.
Еуролинк осигурување најсреќните седуммина ќе ги награди со викенд за двајца во Р. Грција.
„Го штедиме времето на нашите онлајн-корисници, со тоа што овозможуваме 24/7 достапност до полиса, во време и место кое најмногу им одговара. Нашите клиенти сè повеќе ги чувствуваат предностите од можноста да купат осигурување онлајн, особено пред заминување на летните одмори кога се соочуваат со недостиг од време за сите потребни подготовки.Затоа, се одлучивме за промоција на онлајн-купувањето за кое расте потребата од година во година и преку наградната игра очекуваме сè поголемо актуелизирање на овој начин на купување полиси за осигурување кај нашите граѓани“, изјави Марија Томеска, претседател на Управниот одбор на Еуролинк осигурување.
Среќните добитници ќе се извлекуваат по случаен избор секоја недела и ќе бидат објавени на официјалната интернет-страница и „Facebook“-страницата на Еуролинк.
За повеќе информации околку Правилата на наградната игра посетете ги официјалната интернет-страница: www.eurolink.com.mkи „Facebook“-страницата на Еуролинк осигурување www.facebook.com/eurolinkmk.
Можеби ќе ве интересира
Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост
Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?
Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“
Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете
Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет
Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември
Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив





