16 Декември, 2025
0.0706

Започнете го јуни со одлични серии на Pickbox

Објавено во: Мои пари 03 Јуни, 2016 12:04

Добивај вести на Viber

Pickbox и оваа година е една од најдобрите платформи кога се во прашање новите серии. Освен што на екраните ги донесе Пол Џијамати и Демијан Луис во „Милијарди“, Фифти Сент во серијата „Моќ“, Били Боб Торнтон во „Фарго“, тука се и три одлични серии со кои ќе сакате да го поминете јуни. Подгответе се за многу нови епизоди зашто на 1.6. доаѓаат втората и третата сезона на „Црни едра“ (Black Sails), крими-серијата „Смрт во рајот“ (Death in Paradise) која се одвива во тропските области, како и драмата „Изопачено“ (Twisted).

Втората сезона на „Црни едра“ е полна со изненадувања

Ако сѐ уште не сте успеале да се закачите на најдобрата пиратска серија во историјата, ова е идеално време да се префрлите во пиратско расположение и да се одомаќините со екипата на брадестите неранимајковци од серијата „Црни едра“.

Втората сезона во вашите домови ќе истовари многу авантури, насилство, пресметки на копно и на море, а секако дека ќе има и голотија затоа што пиратите многу сакаат да посетуваат голи дами во борделите додека се на копно.

Тие што ја гледале првата сезона, ќе знаат која е намерата на капетанот Флинт (Тоби Стивенс) и неговиот екипаж, каде ќе се најдат на крајот од првата сезона и што ќе им ги загрози плановите, а оние што уште немаат гледано ништо, само нека знаат дека автентичната атмосфера и комплексните заплети ќе ги однесат директно во 1715 година, уште подлабоко во минатото отколку „Островот со богатството“.

Тропска детективска загатка

Баш како и „Црни едра“, и детективската серија на Би-би-си, „Смрт во рајот“ се случува на Карибите. Поточно, на островот Сен Мери кој, со оглед на бројот на жители, има необично голем процент на убиства годишно. А поради тоа што островјаните не знаат да се справат со толкуте убиства, на островот пристигнува еден британски ексцентрик (Бен Милер) кој мрази песок, сонце и сето она што го прави островот идеална туристичка дестинација. Човекот што сред лето носи костуми и не го поднесува островскиот живот е детектив со совршена интуиција за убијците и криминалците.

d187d27f-19c7-4b96-8d64-f8d7f82d81ee

Оваа тропска криминалистичка драма по епизода ја гледаа и до 8,5 милиони луѓе, а на Pickbox од 1.6. се достапни дури четири сезони. Секоја епизода ве чека по едно таинствено убиство, а освен многу напнатост, можеме да ви ветиме и многу сонце.

Тинејџерска драма што не е тоа

Замислете тинејџерска серија која не е само за тинејџери и која итро и паметно гради мистерија околу убиства. Ако додадете уште и комплицирано и таинствено момче како Дени (Аван Џоги) кој има крваво минато, па уште неколкумина тинејџери кои нешто кријат, ќе ја добиете „Изопачено“ – итра серија за едно момче кое на 11 години ја убило својата тетка и кое по пет години го сомничат за уште едно убиство.

Оваа серија е достоинствено продолжение на паметните тинејџерски трилери кои понекогаш умеат да заплашат со мрачната атмосфера, но кои се вистинско уживање да ги гледате.

Задржете го здивот и фрлете се на комплетната серија која гарантирано ќе ја изгледате за само неколку дена.

eea350a8-82ef-4e64-aa1d-8d8ccbda00c3

Можеби ќе ве интересира

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Angel Tree во Тинекс Зебра: Хуманитарна иницијатива што носи празнична радост

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Расте еко-одговорноста кај граѓаните: Влегуваме во нова ера на управување со амбалажниот отпад. Која општина е лидер, а која најслабо стои во селектирање?

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Omega одблиску: вечер без врева, со стил

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Xiaomi празнични понуди до крајот на декември!

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Празници полни со топлина: dm донираше повеќе од 200 пакети со основни прехранбени намирници, дистрибуирани преку хуманитарната организација ,,Свети Спас“

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Што открива зелениот плик и зошто е важно да го разберете

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Пивара Скопје и РФМ потпишаа договор за спонзорство – 45 години партнерство и поддршка за македонскиот ракомет

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Волшебно новогодишно одбројување во Дајмонд мол до крајот на декември

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив

Гевгелија Мол ги отвори вратите – шопинг и забава под еден покрив